НБРМ ја продолжи мерката за поддршка при кредитирање на извозниците

Bez autora
Sep 25 2014

Советот на Народната банка на Република Македонија во четвртокот одлучи да ја продолжи примената на нестандардната мерка за намалување на основата за задолжителна резерва на деловните банки за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија. Основна цел на Одлуката е да се обезбеди натамошна поддршка на двата системски значајни сектора на економијата. При донесувањето на оваа одлука, Советот се раководеше од досегашниот ефект што го имаше оваа мерка врз динамиката на кредитирањето, а со тоа и на целокупниот економски раст.

НБРМ ја продолжи мерката за поддршка при кредитирање на извозницитеСоветот на Народната банка на Република Македонија во четвртокот одлучи да ја продолжи примената на нестандардната мерка за намалување на основата за задолжителна резерва на деловните банки за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија.

Основна цел на Одлуката е да се обезбеди натамошна поддршка на двата системски значајни сектора на економијата. При донесувањето на оваа одлука, Советот се раководеше од досегашниот ефект што го имаше оваа мерка врз динамиката на кредитирањето, а со тоа и на целокупниот економски раст.

Со оглед на тоа што ефектот е несомнено позитивен, односно го намали трошокот за финансирање на претпријатијата од двата сектора, но со помал интензитет од потенцијалниот, а имајќи ги предвид податоците што укажуваат на одредена неизвесност околу динамиката на кредитирањето на корпоративниот сектор во следниот период, Одлуката предвидува оваа нестандардна мерка да продолжи да се применува до 31 декември 2015 година, с евели вос оопштението на НБРМ.         

На денешната седница Советот, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите за издавање ковани пари за колекционерски цели, ги усвои Одлуките за издавање кована пара за колекционерски цели „Стрелец“ и „Јарец“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Стрелец“и „Јарец“ ќе бидат во апоени од 10 денари.

Советот донесе и други одлуки од својата надлежност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik